„Тепко“ бара меѓународна помош

Од:

Компанијата „Тепко“, која што управува со нуклеарката „Фукушима“, денес официјално побара помош за сузбивање на опасноста од радиоактивноста.

Повикот за помош е упатен само неколку дена откако истекувањето на радиоактивната вода е карактеризирано како сериозен инцидент.

-И други држави имаа слични проблеми, па се надеваме дека ќе можеме да се консултираме со нив и да го искористиме нивното искуство. Во таа смисла потребна ни е поддршка не само од јапонската влада туку и од меѓународната заедница, рече потпретседателот на „Тепко“, Зенго Аизава.

Хрватскиот портал кој што го пренесе ова соопштение, потсетува дека пред неколку дена дошло до истекување на околу 300 тони високо контаминирана вода со големи количини на цезиум од еден од 1.060 привремени контејнери.

Јапонската Нуклеарна регулаторна агенција која што инцидентот го карактеризираше како сериозен проблем, соопшти дека не е доволно само да се внимава да не се случи нов инцидент, туку дека станува збор за петто и најголемо истекување на контаминирана течност од оштетувањето на нуклеарката во цунамито пред две години, пренесе „Ројтерс“.

Во меѓувреме, Регулаторното тело за надзор на нуклеарките во Јапонија, заклучи дека „Тепко“, направил низа пропусти во надзор на резервоарите за складирање на радиоактивната вода во „Фукушима“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)соопшти дека по инцидентот сериозно ја следи состојбата во Фукушима и е подготвена да помогне доколку добие барање од јапонската компанија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија