Тепачка во украинскиот парламент

Од:

Тепачките продолжуваат и во новиот состав на украинскиот парламент. Парламентарецот Олех Лјашко беше нокаутиран од неговиот колега Олександар Шевченко во остра кавга во холот на државната рада.

Лјашко, кој важи за остар противник на проруските сили го извлече подебелиот крај. Шевченко прво со полесни удари, а потоа и со силна шлаканица го нокаутира неговиот колега – пратеник и тоа пред медиумите и десетината други пратеници.

Кавгата ја почнал Шевченко кој му замерил на неговиот физички послаб колега дека никогаш не бил на истокот на Украина и не може да дава оценки за борбите на проруските сепаратисти. Лјашко како кандидат на претседателските избори дојде до третото место со националистичката кампања и сликите на социјалните мрежи како заробува припадник на сепаратистите.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Тепачка во Украинскиот парламент

Од:

Жестока тепачка се случила вчеравечер во украинскиот парламент, поради законот со кој се дава право на користење на рускиот јазик во судовите, болниците и други институции во регионите каде се говори тој јазик.

Тепачката избила помеѓу пратениците на прозападната опозиција која сака да ја извлече Украина од „сенката“ на Русија и пратениците од партијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој има најголема поддршка од населението кое му припаѓа на руското говорно подрачје на истокот на земјата.

Украина е длабоко поделена земја, од една страна е источното говорно подрачје и јужниот дел на земјата кои заговараат блиски врски со Москва, а од друга страна е западниот дел на земјата кој сака Украина да се приклучи кон Западот.

[nggallery id=26]