Тепачка во словачкиот Парламент заради вербална навреда

Од:

На денешната седница на словачкото Собрание, вербалната пресметка на двајца пратеници прерасна во тепачка.

Независниот пратеник Алојз Хлина, го нападна својот колега Антон Мартвоњ од партијата Смер – Социјална демократија откако овој му упати неколку навредливи зборови.

Мартвоњ го нарече Хлина, губитник кој ги критикува извршителите кои сакаат да го подобрат своето функционирање, а самиот се збогатил со продажба на алкохол на малолетни лица.

– Изговарајќи фактичка белешка бев нападнат од пратеникот Хлина, што се случи првпат во историјата. Ниеден пратеник, освен Мечијар никогаш никого не нападнал. Тој ме зграпчи за врат и ме бутна на столот од висина од околу пола метар, објасни Мартвоњ.
Тој додаде дека притоа колегата му ги скинал пантолоните и му се заканувал.
Во врска со настанот, кој добро може да се види и на видео снимката, Хлина арогантно одговара:

– Морам да ја корегирам таа изјава. Јас никого не нападнав. Да го нападнев сега ќе лежеше во болница. Мартоњ не е моја класа.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина