Тензија меѓу кинеските и јапонските бродови околу спорните острови

Од:

Шест кинески бродови влегоа во водите во близина на спорните острови во источното кинеско море кое го присвојуваат и Кина и Јапонија, што ги подигна тензиите меѓу двете азиски сили околу долгогодишниот територијален спор.

Островите Сенкаку како што ги нарекуваат Јапонците, односно Диаоју на кинески, се наоѓаат на стратешки важниот пловен пат со значајни наоѓалишта на нафта и гас.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите влегле во водите на архипелагот за да спроведат поморски надзор и по прв пат да го спроведат законот со кој се уредени нивните поморски права.

Од друга страна јапонската крајбрежна стража соопшти дека на кинеските бродови им наредила да ги напуштат јапонските територијални води, но само три брода ја спроведоа наредбата, а три остнаа во спорните територијални води.
Јапонија сеуште не употребила сила за да ги отстрани бродовите.

Спорот се заостри кога Токио објави дека за 26. милиони долари оваа недела, Јапонија го национализирала архипелагот бидејќи откупила три населени острови во источното кинеско море, а кои досега биле изнајмувани од приватен јапонски сопственик во чиј посед се од 1972. година.

 

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала