Тензиите растат: Американскиот носач на авиони премина низ Суецкиот канал

Од:

Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ премина низ Суецкиот канал на пат кон Персискиот Залив, поради заострување на односите со Иран.

Тоа го соопшти шефот на египетското пристаниште, Мохаб Мамеш. Тој изјави дека утринава забележал како носачот минува преку каналот.

Мамеш се состанал и со американското воено аташе во Каиро, генерал Ралф Грувер, кој отпатувал во областа на Суецкиот канал, со цел да го провери статусот на американскиот воен брод.

Белата куќа во неделата испрати носач на авиони и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера предупреди дека Иран ќе престане да се придржува кон одредени делови од нуклеарниот договор од 2015 година и им даде рок од 60 дена на другите потписници на спогодбата да ги исполнат своите обврски, особено кога станува збор за банкарскиот и нафтениот сектор.

Рохани рече дека Иран ќе продолжи со високо ниво на збогатување ураниум, ако светските сили не ги одржат своите ветувања, дадени во рамки на нуклеарниот договор постигнат во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+