Тензично на Хималаите, Индија испраќа војска на границата со Кина

Од:

Индија распореди повеќе војници од кога било досега на границата со Кина, изјави денеска индискиот министер за надворешни работи Субраманјам Џаишанкар.

„Денес индиската армија е распоредена на границата со Кина како никогаш досега и тоа е направено за да се спротивстави на кинеското воено распоредување кое е зголемено од 2020 година“, рече Џаишанкар, пренесе Тас.

Џаишанкар одговараше на критиките од опозициската партија Индиски национален конгрес, која ја обвини владата дека не презема ништо во врска со граничните судири со Кина.

Според Тас, повикувајќи се на извештај на индиската новинска агенција, индиските и кинеските сили се судриле во областа Таванг на 9 декември кога кинеските војници се приближиле до границата, но биле запрени од индиските сили, а неколку војници од двете страни биле повредени.

Лошо дефинираната граница меѓу Индија и Кина на Хималаите предизвикува тензии со децении, а во 1962 година избувна вооружениот конфликт меѓу земјите кога Кина анектираше дел од индиската територија.

Во мај 2020 година, конфликтите меѓу двете земји повторно се разгореа, по што следеа дипломатски и воени разговори, а Пекинг и Њу Делхи, наводно, почнале да ги повлекуваат воените сили од границите минатата година.

Би можело да ве интересира

Албанија формира резервни воени единици

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски