Температурите во светот се зголемени за еден степен Целзиусов

Од:

Просечните температури во светот оваа година првпат ќе бидат зголемени за еден степен Целзиусов во однос на нивото од пред индустриската револуција, соопшти денеска британската Метеоролошка служба.

Податоците од јануари до септември покажуваат дека просечната глобална температура е за 1,02 степена Целзиусови над нивото од 1850-1900 година, се наведува во извештајот на Мет Офисот, во кој се предупредува дека планетата продолжува да се загрева под влијание на човековите активности.

Британските метеоролози најавуваат дека 2016 година ќе биде исто толку топла колку и оваа година.

Минатиот месец научниците најавија дека во првите девет месеци од 2015 година е достигнат рекордот и годинава ќе биде најтоплата во изминатите 4.000 години.

Во јуни, јули и август оваа година на северната хемисфера е регистрирана највисоката просечна температура во светот од 1880 година, од кога се води ваква евиденција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска