Темната страна на медалот: Деца во Бразил ги продаваат телата за 1,3 фунти, во текот на Првенството бизнисот ќе процвета

Од:

Новинарот Марк Вилијамс Томас помина неколку часа разговарајќи со жртвите на детска проституција на улиците на бразилскиот град Рецифе, во кој ќе се одиграат пет натпревари во текот на Светското фудбалско првенство.

Веќе на возраст од 10 години деца се принудени да даваат сексуални услуги и тоа по цена од 1,3 фунти, истакна новинарот. Тоа е еднакво на 1,5 евра. Оставени се на милост и немилост на дилерите и живеат во голема беда. Кога овие денови во Бразил ќе дојдат 600.000 навивачи од сите краишта на светот, животот на овие обесправени деца дополнително ќе се влоши.

Авторот на текстот е поранешен детектив со богато искуство во истражување на злоупотреба на децата. Како што истакна, се згрозил кога ја видел состојбата во Бразил. Разговарал со неколку девојчиња кои му ја раскажале својата приказна.

Во проституција завршуваат поради сиромаштија, а со помош на шминка и облека се обидуваат да изгледаат постаро за да привлечат внимание кај клиентите. Сексуалните услуги ги пружаат во дворовите, а гладот, стравот и депресијата ги потиснуваат со дување на лепак и конзумирање на други опојни дроги.

Полицајците поминуваат и не се осврнуваат на нив

Тринаестгодишната Рафаела раскажала како за секс и приоѓаат десетици мажи, локални жители, туристи и таксисти. За секс ќе и платат 10 бразилски реали, што е околу три евра.

Раскажала и застрашувачка приказна за својата пријателка 14-годишната Микела, која како и таа, живеела на улица, а била убиена на денот на штрајкот на полицајците. Ја убил маж кој не сакал да и плати за сексот. Тоа се случило пред неколку недели, а полицијата не го нашла убиецот.

Авторот со девојчињата и една постара проститутка која се грижи за нив колку што може, разговарал околу три часа. За тоа време покрај нив двапати поминала полициска патрола, но кон девојчињата проститутки не се ни свртеле.

Индекс.хр – Загреб

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск