Телевизиите во Индонезија предупредени да се почитуваат програмските ограничувања за време на Рамазан

Од:

Националниот совет за телевизија на Индонезија денеска ги предупреди телевизиите во таа држава според кое треба да се избегнат можните негативни ефекти врз муслиманите што ќе постат за време на светиот месец Рамазан, кој годинава почнува на 29 јуни.

Според официјалната новинска агенција „Антара’’, телевизиските станици во време на постот ќе имаат право да емитуваат само програми кои ќе ги поддржуваат и афирмираат активностите поврзани со постот.

Телевизиите во Индонезија од 2012 година работат според стандардите и упатствата што ги пропишува националниот Совет за телевизија. Овие правила, донесени по една деценија притисок врз властите од страна на  исламските великодостоинственици, се базираат на фактот дека муслиманското население е најбројно во 250 милионската популација на Индонезија

Според овие правила, за време на постот не смеат да се емитуваат танци со еротски пораки, да се прикажуваат сцени со голи жени или делови од нивното тело, а уште помалку да имаат емисии во кои има секс или бакнување што асоцира на тоа. Интересно е и тоа дека се забранети емисии во кои мажи играат женски ликови.

Советот за телевизија соопшти дека ќе соработува со индонезискиот Совет на улемите, чиј претставник изјави дека ќе бидат ригорозни во предлагањето и спроведувањето на правилата што ќе важат за време на рамазанскиот пост.

До 1989 година само Телевизија Индонезија емитуваше програма на национално ниво. Во 1989 дозвола за емитување на територијата на целата држава доби РЦТИ компанијата, која емитува поотворена програма, но може да се следи само преку платен декодер или со сателитска антена. Триесетина други телевизии, вклучувајќи ги и провинциските бранши на националната телевизија на Индонезија, имаат право да покриваат само строго определено подрачје.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски