Рускиот претседател Владимир Путин денеска телфонски разговараше со израелскиот премир Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Сирија, за иранската нуклеарна програма и за резултатите од референдумот во Ирачки Курдистан, соопшти Кремљ.
– Детално беа разгледани прашањата за изнаоѓање на решение за Сирија, за ситуацијата со иранската нуклеарна програма и за резултатот од референдумот во курдскиот автономен регион во Ирак, се посочува во соопштението од Кремљ.
Разговорот бил остварен на иницијатива на Израел.
Путин и Нетанјаху разговарале и за актуелните прашања на руско-изралската соработка.