Телефонски разговор Камала Харис-Емануел Макрон

Од:

Потпретседателката на САД Камала Харис и францускиот претседател Емануел Макрон вчера имаа телефонски разговор во кој ја изразија својата посветеност за зајакнување на билатералните врски меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Харис.

Во соопштението се вели дека Харис и Макрон се согласиле за потребата од тесна билатерална и мултилатерална соработка во борбата против Ковид-19 и климатските промени, како и со цел да ја поддржат демократијата во нивните земји и ширум светот.

Соговорниците разговараа за бројни регионални предизвици, вклучувајќи ги и оние на Блискиот исток и Африка, и ја истакнаа потребата од заедничко соочување со нив.

На почетокот на овој месец, Харис разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, што беше нејзин прв разговор како потпретседателка со светски лидер.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците