Иранскиот министер за надворешни работи предложи Европската унија да посредува меѓу Иран и САД за зачувување на нуклеарниот договор, јави Си Ен Ен.
„Можно е да се најде механизам“ двете земји да се вратат во рамките на договорот, изјави Мохамад Џавад Зариф за Си-ен-ен Интернешнл.
Зариф смета дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел би можел да биде „координатор“ за следење на Меѓународниот нуклеарен договор потпишан од Иран во 2о15 година со шест светски сили.
– Борел би можел да „смисли мерки што треба да ги преземат САД и мерки што треба да ги преземе Иран, рече Зариф.
Иран потпиша нуклеарен договор во Виена во 2015 година со Германија и пет постојани членки на Советот за безбедност на ООН (Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД) и се обврза да го напушти развојот на нуклеарно оружје во замена за укинување на меѓународните економски санкции.