Таткото на Едвард Сноуден, Лон смета дека е подобро што неговиот син е во Русија, бидејќи американската администрација заедно со членовите на конгресот му нанесе многу штета.
Заедно со адвокатот Брус Фејн, Лон упатил писмо до претседателот на САД, Барак Обама во кое моли да се отфрлат кривичните обвиненија против неговиот син.
Лон рече дека нема контакт со Едвард и дека не знае ништо повеќе за неговиот престој во Москва, каде што се на наоѓа на аеродромот.
Како што пренесуваат странските новински агенции, Лон заедно со адвокатот работи за да пронајде начин неговиот син да добие фер судење во САД, каде што е обвинет за откривање државни тајни.
Елена Георгиевска