Тамам Салам е новиот премиер на Либан

Од:

Либанскиот претседател Мишел Сулејман денеска официјално побара од сунитскиот политичар Тамам Салам да формира нова влада, откако Салам доби најголема поддршка од членовите на Парламентот за премиерската функција.

Салам е одреден за мандатар две недели откако премиерот Наџиб Микати поднесе оставка.

Првата задача на Салам, доколку успее да формира кабинет кој ќе го прифатат и противничките партии, ќе биде организирање на парламентарни избори, кои би требало да се одржат во јуни, но веројатно ќе бидат одложени, имајќи предвид дека се уште не е постигнат договор за изборниот систем.

Салам е роден во 1945 година, во време на познатата сунитска политичка дистанија, и бил министер за култура во периодот 2008-2009 година.

Иако ужива голема поддршка од различните политички сили, можно е ниту тој да не може лесно да формира влада.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда