Талибанскиот министер за надворешни работи ги потврди разговорите со опозицијата во Иран

Од:

Талибанците денеска официјално потврдија дека министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки во текот на изминатиот викенд одржал разговори со лидерите на авганистанската опозиција Ахмад Масуд и на иранската опозиција Исмаил Кан.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид истакна дека новите авганистански власти ги увериле двајцата водачи на антиталибанскиот Национален фронт за отпор (НРФ) дека можат да се вратат дома без никакви проблеми.

Муџахид додаде дека нивната де факто влада се стреми да го убеди населението дека нема потреба од опозиција.

– Ги уверив сите дека можат да се вратат и да живеат во Авганистан. Нема да направиме проблем, истакна Мутаки пред новинарите во Кабул.

НРФ е предводен од Ахмед Масуд, син на познатиот антиталибански герилски командант Ахмад Шах Масуд, кој беше убиен во 2001 година.

Масуд и другите антиталибански лидери заминаа во егзил во повеќе земји, но главно во Таџикистан, Турција и Иран.

Антиталибанската група бара фер политичко учество на сите етнички групи, како и заштита на правата на жените, слободата на говорот и изборите, што досега беше отфрлено од талибанците.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски