Талибанците заземаат територии во северниот дел на Авганистан

Од:

По неколкудневни борби талибанските бунтовници презедоа контрола над уште пет региони во северната авганистанска провинција Кундуз, потврдија денеска локалните власти.

– Талибанските бунтовници денеска влегоа во центарот на Ханабад и поставија знаме на плоштадот, изјави членот на провинцискиот совет Заргул Алими.

Според локалните власти бунтовниците го зазедоа Ханабад, кој ги поврзува Кундуз со Тахар и другите северни провинции, а во неколку други области продолжуваат борбите.
Кундуз е една од провинциите со најголема стапка на насилство во северен Авганиста, Истоимениот главен град на провинцијата Кундуз минатата година кратко време беше под контрола на талибанците. Сега најмалку четири региони делумно или целосно се под контрола на бунтовниците.

Градот Кундуз е без електрична енергија од четвртокот поради оштетените електрични столбови во судирите меѓу бунтовниците и авганистанските безбедносни сили. 

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан