Талибанските бунтовници зазедоа најмалку 80 села во округот Хан Абад во провинцијата Кундуз, во северниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.
При заземањето на населените места најмалку 14 селани се убиени или повредени.
Стотици семејства побегнале во други, помирни реони на провинцијата.