Талибанците влегоа во административниот центар на провинцијата Урузган

Од:

Талибанците влегоа во главниот град на авганистанската провинција Урузган, при што избиле жестоки судири, а владини службеници бегаат од градот.

Според портпарол на провинциските власти, по офанзивата на талибанците, властите ја контролираат само полициската станица во Тирин Кот. Сите контролни пунктови во градот се преземени или разурнати и се стравува дека речиси целиот град ќе биде во рацете на талибанските бунтовници. Упатен е и повик до Кабул веднаш да испрати дополнителни воени сили.

Неколку часа подоцна авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека талибанците биле протерани од градот, а управите на армијата, полицијата и разузнавачката служба во градот не се во опасност.

Според Министерството, сите стратешки точки на Тирин Кот се под владина контрола и таму се испратени воени единици. Неколкумина талибански бунтовници загинале во воздушни напади.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан