Авганистанците со валидни документи ќе можат да патуваат надвор од земјата по повлекувањето на американскиот воен контингент од Авганистан, изјавил во Доха, претставник на радикалното талибанско движење во разговор со германскиот амбасадор во Кабул, Маркус Поцел.
– Директорот Станекзаи (заменик-шеф на политичката канцеларија на движењето во Катар, Шир Мохамад Абас Станекзаи) ме увери дека Авганистанците со легални документи ќе можат да патуваат со комерцијални летови по 31 август, напиша на Твитер Поцел, кој ја предводи германската делегација во преговорите.
Во исто време, Сухаил Шахин, портпарол на талибанската политичка канцеларија во Доха, на Твитер информира дека навременото заминување на меѓународните трупи од Авганистан ќе биде предуслов за продолжување на цивилните летови.
Летовите за евакуација организирани од војниците на Бундесверот во Кабул се очекува да престанат по повлекувањето на американските војници од Авганистан.