Талибанците презедоа одговорност за ракетирањето на аеродромот во Кабул

Од:

Талибанците на Твитер презедоа одговорност за денешното ракетирање на аеродромот во Кабул, тврдејќи оти нивна мета бил авионот на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, кој заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се во ненајавена посета на Авганистан.

– Најмалку шест ракети паднаа во воената зона на меѓународниот аеродром во Кабул, но не го нарушија воздушниот сообраќај, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Според повеќе извори и очевидци, аеродромот бил нападнат со 20 до 30 ракети и минофрлачки гранати кои паднале на делот на аеродромот што го користи авганистанската армија, при што армиски хеликоптери биле испратени да интервенираат кон локацијата.

Нападот доаѓа во време кога Матис и Столтенберг треба да се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, за да ја договорат натамошната поддршка за вооружување и обука на авганистанска армија, како и планираното испраќање на 3.000 нови американски војници во земјата.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан