Талибанските бунтовници презедоа одговорност за денешниот напад во Кабул, во кој според последните податоци загинаа пет лица, а 18 се повредени.
Бомбашот-самоубиец го активира експлозивот на контролниот пункт на меѓународниот аеродром во Кабул.
Во последните денови во авганистанскиот главен град во серија напади загинаа над 50 луѓе, а неколку стотици се повредени.
Истовремено, авганистанските медиуми објавија дека силна експлозија одекнала во југозападниот дел на Авганистан, при што е погодена административната зграда во округот Гиршик во провинцијата Хелманд.