Авганистанските талибанци денеска ја презедоа одговорноста за напад врз воениот комплекс во јужната провинција Хелманд, во кој, како што тврдат, има загинати и повредени.
Според талибанците и владините претставници, во текот на ноќта се случил напад врз објект во кој биле сместени најмалку 150 припадници на авганистанската војска и разузнавачките служби.
„Десетици припадници на непријателските сили беа убиени и повредени во нападот“, пишува во соопштението Кари Јусуф Ахмеди, портпарол на исламистичката група.
Министерството за одбрана потврди дека нападот се случил и посочи дека еден припадник на армијата е ранет.