Талибанците повторно воведуваат егзекуции и отсекување раце

Од:

Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност.

Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли гневот поради егзекуциите што талибанците ги вршеа во минатото, кои понекогаш се случуваа пред толпа луѓе на стадион и го предупреди светот да не се меша во работата на новите владетели на Авганистан.

– Сите не критикуваа за казните на стадионот, но ние никогаш не кажавме ништо за нивните закони и казни, рече Тураби.

– Никој нема да ни каже какви треба да бидат нашите закони. Ние ќе го следиме исламот и ќе усвоиме закони засновани на Куранот, додаде тој.

Коментарите на Тураби укажуваат дека водачите на групата остануваат длабоко конзервативни, иако прифаќаат технолошки промени, како што се видео и мобилни телефони, наведува АП.

Тој рече дека судиите, вклучително и жените, ќе судат предмети, но оти основата на авганистанскиот закон ќе биде Куранот.

– Отсекувањето раце е многу неопходно од безбедносни причини, нагласи Тураби, велејќи дека овој вид казна има застрашувачки ефект.

Тој додаде дека кабинетот проучува дали казните ќе бидат јавно извршени или „таа политика ќе се развива“.

Во последните денови во Кабул, талибанските борци ја обновија казната што ја користеа во минатото за луѓето обвинети за ситни кражби, а тоа е да ги засрамат.

Најмалку двапати во последната недела, мажи од Кабул беа сместени во задниот дел на камион, со лисици на рацете и беа возеа за да бидат понижени.

Во еден случај, нивните лица биле обоени за да ги означат како крадци.

Во друг случај, на вратот им бил закачен застоен леб или им ги полнеле устите со него.

Не се знае точно какви злосторства извршиле.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан