Талибанците повторно ќе се вратат во Кабул ако војската не ги спречи

Од:

Официјално заврши една од најдолгите и најкрвавите воени мисии на НАТО за „Подршка на безбедноста“ во Авганистан. Експертите предупредуваат дека ситуацијата може да се развие, според сценариото, од 1992 година, кога три години по повлекувањето на советските војски од Авганистан, режимот на претседателот Мухамед Наџибулах падна под притисок на муџахедините.

Талибанците повторно ќе дојдат на власт освен ако авганистанската армија му остане целосно лојална на денешното државно раководство.

Емотивната церемоија се одржа на аеродромот во Кабул каде до сега беше распослан штабот на заедничката команда на Меѓународните сили за обезбедување на сигурноста на Авганистан (ИСАФ). Знамињата на земјите во коалицијата беа спуштени, со што заврши една од најобемните меѓународни воени операции – таа траеше 13 години со учество на единици од 51 држава.

Според податоци од ноември 2014, за време на операцијата загинале 31.773 војници кои служеле во ИСАФ. За време на церемонијата командантот на мисијата Дејвид Кембел изјави дека НАТО „постепено ќе се пренасочува кон подготовка и помагање на авганистанските сили за безбедност“. Истовремено изрази уверување дека Авганистанците „располагаат со сите можности“ за решавање на задачите, пред кои се исправени.

Тоа се констатира и во информацијата за резултатите од меѓународната операција, испратена до Советот за безбедност на ОН од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. – Постигнувањата на ИСАФ овозможија да постигнеме коренити промени во Авганистан. ИСАФ и националните сили за безбедност на Авганистан со заеднички напори ја намалија заканата врз земјата од страна на Ал Каеда и нејзините филијали. Авганистанските сили исто постигнаа суштествен напредок и од 2001 година се трансформираа во професионална сила способна да ја гарантира безбедноста во целата земја. Тие се одлично тактички подготвени, стои во документот.

Покрај сето ова, вестите од Авганистан посочуваат дека тој оптимизам можеби е преувеличан, со оглед на тоа дека секој ден во земјата се вршат големи атентати. Најмалку шестмина загинаа минатата недела при напад на терористи врз комплексот на силите за безбедност во провинцијата Кандахар. Петмина полицајци беа застрелани претходниот ден од терористи на КПП во провнцијата Хелманд. Според официјални информации, последнава година човечките загуби кај авганистанските безбедносни структури пораснале за 6,5 проценти. Со завршувањето на воената операција, статистиката може доста да се влоши.

Предвидено беше во новата мисија за обука наречена „Решителна поддршка“, да бидат вклучени 12 илјади војници. Но, министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел при неодамнешната посета на Кабул потсети на корекција во плановите на Вашингтон: на почетокот на 2015 година американските војници кои ќе останат во Авганистан нема да изнесуваат само 9.800, туку илјада луѓе повеќе. Всушност овие бројки исто не се толку впечатливи ако се потсетиме дека во зенитот на заедничката операција, ИСАФ располагаше со воен контингент од 140 илјади војници.

Кабул соопшти дека високо ја цени поддршката од страна на САД и НАТО, но дека може самостојно да се бори со талибанците. – Ако некои си мислат дека авганистанската држава ќе се урне, жал ми е за нив. Постоиме веќе пет илјади години и планираме да постоиме уште толку. Никој не смее да не потценува, деновиве изјави претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Но, експертите предупредуваат дека при непријатен развој на настаните во Авганистан може да се повтори истото од пред 22 години. Во 1992 – три годнни по повлекувањето на советските војски од земјата, претседателот Мухамед Наџибулах изгуби контрола над внатрешно-политичката ситуација и се повлече пред притисокот на муџахедините, а потоа беше принуден и да избега од Кабул.

– Во моментов нема целосни гаранции дека талибанците ќе бидат спречени пак да ја преземат власта, изјави за „Комерсант“, Владимир Сотников, висок стручен соработник од Центарот за меѓународна безбедност во Институтот за светска економија и меѓународни односи при Руската академија на науките.

Тој не ја отфрла можноста да се повтори сценариото од 1992 година. Развојот на нештата според него, доста ќе зависи од тоа „колкава серизона сојузничка помош ќе може да издејствува владата на Авганистан“.

– Не станува збор за испраќање на нови војски, туку за материјално-техниолошка подршка неопходна за да ја задржи лојаноста на офицерите и војниците од авганистанската армија, објасни експертот и додаде дека при засилувањето на талибанскиот притисок постои ризик војниците на Кабул се почесто да преминуваат на другата страна во конфликтот.

Комерсант – Москва

 

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан