Талибанците по целосното повлекување на САД од Авганистан: Напишавме историја

Од:

„Напишавме историја“, изјави портпарол на талибанците, откако САД објавија дека ја завршиле евакуацијата на своите сили од Авганистан.

„Повторно напишавме историја. Дваесет години окупација на Авганистан од страна на САД и НАТО завршија вечерва. Многу сум среќен што по 20 години џихад, саможртви и тешкотии, можеме да уживаме во овие историски моменти”, објави на Твитер висок функционер на талибанците и лидер на герилската група Хакани мрежа.

Неколку часа по заминувањето на последниот американски војник од Авганистан и главниот портпарол на талибанците Забихула Муџахид на пистата на аеродромот во Кабул им ја честиташе победата на Авганистанците.

– Поздрави за Авганистанците..Оваа победа ни припаѓа на сите, порача тој.

Муџахид уште рече дека талибанците сакаат добри односи со САД и светот.

Последниот лет го изведе воен транспортен авион Ц-17, кој полета од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи една минута пред полноќ по локално време (во Кабул), кога и заврши рокот за евакуација..

Во авионот беа американски војници, нивниот командант и американскиот амбасадор Рос Вилсон, кој зад себе остави затворена амбасада, која некогаш беше преполна со стотици дипломати. Претходно беа евакуирани повеќе од 123.000 странци и Авганистанци кои избегаа од ултраконзервативните талибанци.

Последниот лет се реализираше под строги безбедносни мерки и по два напади против двонеделната операција за евакуација спроведени од терористичката Исламска држава, при што, во едниот од нив загинаа повеќе од 100 луѓе, вклучително и 13 американски војници.

Претходно оваа година, американскиот претседател Џо Бајден го постави 31 август како краен рок за повлекување на американските сили од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан