Талибанците нападнале новинар и снимател на TОЛОњуз во Кабул

Од:

Репортерот на авганистанската телевизија TОЛОњуз, Зијар Јад и неговиот снимател биле претепани од талибанците во околината на Кабул додека правеле прилог за состојбата на сиромашните и невработеноста во главниот град на Авганистан.

Инцидентот се случил во населбата Хаџи Јакуб, а талибанците им ги одзеле мобилните телефони и камерата.

Според TОЛОњуз, напади врз претставници на медиумите имало и на други места, но тие не добиле публицитет.

Новинарот Јад изјави дека тој и колегата биле тепани.

Потпретседателот на Здружението на новинари во провинцијата Парван, Парвиз Аминзаде изјави за телевизискиот канал дека „талибанците откако ја презедоа контролата врз Авганистан, нивниот став кон новинарите е алармантен“.

Ахмадула Васик, заменик -шеф на талибанската комисија за култура, рече дека новинарите во Кабул не биле тепани, туку им биле упатени само закани.

– Раководството во главниот град не увери дека го истражува инцидентот и ако некаде има проблеми со новинарите ние се обидуваме да ги решиме, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан