Талибанците во Северен Авганистан пресретнаa четири автобуси, при што усмртени се најмалку 16 лица, а неколку десетици патници се земени како заложници, соопштија локалните власти.
Нападите се случиле во провинцијата Кундуз, пренесува БТА.
– Талибанците убија 16 патници и држат други 30 за заложници, соопшти портпаролот на гувернерот на провинцијата каде што е извршен нападот.
Според претставник на локалната полиција, билансот е 17 убиени патници.