Талибанците ја нападнаа полицијата во Пули Кумри

Од:

Талибанците денеска го нападнаа седиштето на полицијата во градот Пули Кумри при што загинаа најмалку три лица.

Според авганистанските власти талибанците упаднале во седиштето на полицијата и се уште трае престрелката.

Во болницата во Пули Кумри, главниот град на авганистанската провинцијата Баглан, хоспитализирани се 45 лица, а некои од нив се во критична состојба.

Нападот на талибанците почна со силна експлозија пред полициското седиште.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот истакнувајќи оти бомбашот самоубиец употребил блиндирано оклопно возило „Хамви“ полно со експлозив.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан