Талибанците имаат нова забрана за жените

Од:

Талибанците им наредиле на сите приватни образовни институции во Авганистан од денеска да престанат да обезбедуваат медицинско образование на жените.

Директивата на врховниот лидер на Талибанците, Мула Хаибатула Ахунџада, беше објавена вчера за време на состанокот на Министерството за јавно здравје.

Според извори, раководителите на приватни медицински установи засегнати со оваа наредба се повикани во министерството за да бидат официјално информирани за одлуката.

Како резултат на наредбата, на сите институции кои нудат обука за акушерство, стоматолошка протетика, медицински сестри и лабораториски науки им е забрането да запишуваат и да им предаваат на студентки.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан