Талибанците им отсекоа рака и нога на двајца чувари

Од:

Талибанците им ја отсекле десната рака и левата нога на двајца телохранители, кои работеле за меѓународните сили во Авганистан, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на полициски извор.

Исламистичките бунтовници, во изјава „закачена“ на нивниот сајт, ја презедоа одговорноста за ѕверството, извршено во западната провинција Херат.

Одлуката била донесена од талибанските „судии“ и извршена во четвртокот.

Двајцата телохранители одговарале за безбедноста на странските војници во Херат, а ги придружувале нивните конвои.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан