Јуниорската репрезентативка на Авганистан, Махјабин Хакими е една од двете играчки на клубот од Кабул, која не успеа да побегне од земјата кога Талибанците ја презедоа власта.
Таа е брутално убиена на почетокот на месецот, а за нејзината смрт се дозна дури денеска.
Еден од нејзините тренери тврди дека Талибанците и ја отсекле главата и дека никој не знаел за тоа страшно убиство, бидејќи на нејзиното семејство им се заканиле да не кажуваат.
Младата спортистка била една од главните на клубот од Кабул.
„Сите спортистки од клубот се очајни и исплашени. Сите бевме присилени да се преселиме на скриени места“, вели тренерот.