Талибанците „го поздравуваат и поддржуваат“ заминувањето на американските и на НАТО трупите од воздухопловната база Баграм, најголемата во Авганистан, што сведочи за претстојното повлекување на странските сили од земјата, изјави денеска портпарол на талибанските бунтовници.
– Го поздравуваме и поддржуваме заминувањето. Нивното целосно повлекување (од Авганистан) ќе им овозможи на Авганистанците сами да одлучуваат за својата иднина, изјави талибанскиот портпарол Забихулах Муџахид.
Неименуван американски воен претставник утрово истакна дека сите сили на САД и на НАТО ја напуштиле воздухопловната база Баграм во Авганистан, додавајќи дека претстои повлекување на сите меѓународни сили од Авганистан.
Точниот датум на повлекување на американските сили од Баграм не е соопштен, ниту кога се планира базата да и биде предадена на авганистанската армија.
Воздухопловната база Баграм се наоѓа на 50 километри северно од Кабул.