Талибанците ги прекинаа преговорите за размена на затвореници

Од:

Талибанците денеска ги прекинаа разговорите со авганистанската влада за размена на затвореници, главен чекор во мировните преговори со посредство на САД, откако се согласија за договор со милитантите за повлекување на силите.

Сухаил Шахин, портпарол на политичката канцеларија на исламистичката бунтовничка група во Катар, преку Твитер објави дека преговарачката група нема да учествува на „неплодни состаноци“ и дека ослободувањето на нивните затвореници е „одложено под различни изговори“.

Договорот меѓу САД и талибанците, потпишан кон крајот на февруари, според кој меѓународните сили предводени од САД мора да се повлечат, а талибанците за возврат мора да обезбедат безбедносни гаранции, е најдобрата можност досега за да се стави крај на 18-годишната војна, јавија западни медиуми.

Но, мирот зависи од преговорите меѓу авганистанската Влада и милитантите. Размената на затвореници треба да изгради доверба кај двете страни.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан