Талибанците ги повикуваат жените да се приклучат на нивната влада

Од:

Талибанскиот претставник Анамулах Самангани најави општа амнестија за сите во Авганистан и ги повика жените да се приклучат на нивната влада

Самангани, член на комисијата за култура при Исламскиот емират, име што го користат талибанците за Авганистан, го изјави тоа денеска за државната телевизија, која сега е под нивна контрола.

– Исламскиот емират не сака жените да бидат жртви, изјави талибанскиот претставник.

Тој додаде дека структурата на новата влада се уште не е целосно позната, но врз основа на претходните искуства, треба да има целосно исламско раководство и сите страни да бидат вклучени во неа.

Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусуфзаи денеска изјави дека е длабоко загрижена за ситуацијата во Авганистан, особено за безбедноста на жените и девојките и ги повика светските лидери да преземат итни мерки.

Таа рече дека американскиот претседател Џо Бајден мора да преземе храбри чекори за да го заштити авганистанскиот народ по победата на талибанците, додавајќи дека се обидува да допре до неколку светски лидери.

Малала, сега 23 -годишна, едвај преживеа откако пакистански талибански напаѓач ја застрела во главата во 2012 година поради нејзината кампања против скусувањето на образованието на жените.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан