Тајвански милијардер сака да купи пет милиони дози од вакцината на БиоНТек

Од:

Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек.

Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од коронавирусот.

Досега се вакцинирани само еден отсто од 23-милионското население на Тајван, каде се нарачани 30 милиони дози од вакцините на Астра Зенека, Модерна и уште две домашни компании.

Милијардерот Гоу истакна дека неговата фондација Јонглин планира да се пријави за купување на пет милиони дози од вакцината на германскиот производител БиоНТек, кои директно, без посредник би се испратиле со авион од Германија во Тајван.

Шангајската фармацевтска група Фосун има договор со БиоНТек да продава вакцини во пошироката област на Кина, вклучувајќи го и Тајван, но тајванската Влада тврди дека има договор само со БиоНТек и не им верува на кинеските вакцини.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате