Тајван: Земјотрес „преполови“ зграда

Од:

Силен земјотрес од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди главниот град на Тајван, Тајпеј.

Земјотресот кој што се почувствува на целиот остров, повреди најмалку 80 лица.
Епицентарот се наоѓаше на одалеченост од 48 километри источно од Нант, на 20,7 километри длабочина.

Според последните податоци на противпожарните единици, најмалку 80 лица се повредени во Нант и во населбите во близина на Шангу и Тајшунг.

Земјотресот предизвика и пожар, кој за кратко време беше изгаснат, но преполови и една зграда.

Сообраќајот во метрото во Тајпеј е запрен, а возовите се блокирани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час