Тајландската армија денеска соопшти дека во сопствената воена индустрија конструирале и произвеле најсовремени ракети од типот земја – воздух, што ќе бидат употребувани за обезбедување на безбедоста на оваа држава од воздушни напади во следните 20 години.
Новите ракети „Тиенкинг 3“ (Небески лак 3) ќе бидат поставени на источниот брег на Тајланд, со јасна порака дека се наменети за евентуалната одбрана од воздушен напад од Кина.
Новите ракети се оспособени за пресретнување на балистички ракети од краток домет, крстосувачки проектили и воени авиони. До сега на тајванскиот брег беа инсталирани неколку илјади американски ракети од типот „Патриот“.