Тајпеј: Воена конфронтација со Кина „не е опција“

Од:

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен денеска најави дека зајакнување на воената способност на Тајван, но и оти воената конфронтација меѓу Пекинг и Тајпеј „не е опција“.

„Сакам да им појаснам на властите во Пекинг дека вооружената конфронтација апсолутно не е опција за нашите две страни“, истакна таа во обраќањето по повод Денот на нацијата, но нагласи дека Тајван ќе продолжи да ги зајакнува своие одбранбени капацитети како и оти островот „ќе ја преземе одговорноста за сопствената самоодбрана“.

Во насока на обезбедување потполна подготвеност за одговор на растечките воени закани, Тајван ќе го зголеми производството на современи ракетни орудија и воени бродови со високи перформанси, како и помали, но лесно подвижни системи и орудија за одбрана со висока прецизност.

Тајванската претседателка уште најави интензивирање и подигање на квалитетот на воената обука и усовршување на програмите за обука на воените резерви.

Што се однесува на прашањето околу војната на Русија против Украина и армиските активности на Кина во Јужното Море, Источното Кинеско Море и Тајванскиот теснец, таа рече дека тоа се потези што ги поткопуваат правилата врз кои се заснова меѓународниот поредок.

Обраќањето на Цаи доаѓа во услови на растечки регионални тензии со Кина. Посетата на претседателката на Конгресот на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј на почетокот на август, беше оквалификувана како провокација од страна на Кина, чија армија веднаш потоа организираше и спроведе големи воени вежби и маневри во непосредна близина на Тајван.

Пекинг одбива официјални меѓусебни контакти и го смета Тајван за дел на Кина, заканувајќи се дека и ќе го заземе островот и по пат на сила доколку тоа биде потребно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени