Суд во Франција одобри денеска во судски процес во врска со корупција да може да се користат тајни снимки од разговори на поранешниот претседател Никола Саркози и неговиот адвокат.
Саркози кој е лидер на опозициската УМП, обвинет е дека разгледувал идеја за давање вносен бизнис на едно лице за да добие информации за истрага од друг случај поврзан со корупција во врска со финансирање на неговата кампања.
Таа пресуда е нов удар против Саркози кој се врати на чело на партијата пред претседателските избори закажани за 2017 година.
Од истрагата првично му ги озвучиле неговите телефони во врска со сомненија дека прифатил нелегални средства од Лилиан Бетанкур за својата претседателска кампања во 2007 година.
Во 2013 година тој беше ослободен од обвинувањата.
За време на истрагата се пронајдени нови елементи за кривично дело, јавуваат француски медиуми.
Имено, снимен бил разговор на Саркози со неговиот адвокат за можно подмитување на судијата Жилбер Азибер со давање вносен бизнис за информации поврзани за случајот „Бетанкур“. Во врска со тоа, француските правосудни органи подигнаа обвинение за корупција, вршење притисок и кршење на законски тајни за тој случај.