Тајната на „Копјето на Нептун”

Од:

Јутарњи лист – Загреб

„Одмаздата е јадење кое се послужува студено” – вели клингонската поговорка, а можеби најпознатиот случај на исламистите е поврзан за ликвидацијата на Осама бин Ладен. За неговата елиминација била задолжена исклучително елитната единица на американската морнарица. Се работи за морнаричките „фоки”, но и за нивната уште повеќе истренирана и специјализирана верзија т.н. „Тим 6” единица. Тие на 2 мај 2011 година упаднале во познатиот комплекс во Аботабад во Пакистан каде го лоцирале и го убиле во тој момент водечкиот светски терорист.

Меѓутоа, треба да се вратиме една година наназад, кога тогашниот прв човек на ЦИА Леон Панета отишол кај Барак Обама и му рекол дека разузнавачите „веројатно го нашле склоништето на Бин Ладен”. И така почнала заедничката операција на ЦИА и „Тим 6”. Обуката била извршена во специјално дизајнирана макета на комплексот на Бин Ладен, а тимот требало да го предводи извесен Џејмс, што било измислено име, пишува Слободна Далмација.

Исто така меѓу 24 припадници на „Тимот 6” бил и белгискиот овчар Каиро (кој носел специјален оклоп за кучиња отпорен на екплозив, вреден неколку илјади долари), посебно истрениран да го детектира мирисот на Бин Ладен во случај водачот на терористите да се скрие во некои од тајните тунели внатре во скривницата. Така во неделата на 1 мај околу 23 часот во ноќ без месечина, од Џалалабада кон Аботабади полетале два хеликоптера „блекховк”. Во секој од нив имало 12 фоки.

Куршуми во градите и во главата

Оригиналниот план предвидувал надлетување на хеликоптерите над комплексот на Бин Ладен, брзо спуштање на 19 членови „фоки”, кои потоа за две минути требале да го извршат нападот.

Сепак, специјалните сили не предвиделе проблеми со хеликоптерот…

Имено, кога првиот хеликоптер морал присилно да слета во околината на вилата на терористичкиот водач, добро промислениот план А пропаднал. Брзо бил ставен во опција „план Б”. Вториот хеликоптер слетал недалеку од вилата и Американците морале да користат експлозив за да влезат во неа.

Обезбедувањето на Бин Ладен не можело да се справи со американските сили. Во вкрстен оган биле убиени тројца мажи и една жена. Веќе во текот на првата престрелка тројца Американци се нашле на третиот спрат лице во лице со Бин Ладен. Според наводите на сведоците, тие веднаш го препознале. Бин Ладен се вратил назад во својата соба. Специјалците насилно ја отвориле вратата. Тогаш две жени се обиделе да го заштитат Бин Ладен, но наводно биле истуркани. Во само неколку секунди еден од американските војници пукал во Бин Ладен во градите, а вториот му испукал куршум во главата.

Четири дена подоцна смртта на својот водач го потврди и самата Ал Каеда иако потоа следеа гласини за тоа дека Осама всушност го преживеал нападот и дека умрел неколку години подоцна поради проблеми со бубрезите. Телото на Бин Ладен беше фрлено во морето за да се спречи евентуално создавање на култ на личност на неговиот гроб.

„Невидливи војници”

Акцијата со кодирано име „Копјето на Нептун”, „Тимот 6” ја извршил во соработка со ЦИА, а набрзо по извршувањето Барак Обама се пофали на светот дека САД го убиле долго бараниот терористички водач. И сето тоа ќе беше одлично, ако на 6 август истата година во една од најголемите загуби на животи на војници во војната против тероризмот, смртно не настрадаа 22 припадници на истиот тој „Тим 6”.

Во Авганистан една вешто насочена ракета од рачен фрлач го погоди воениот транспортен хеликоптер CH – 47D и во смрт испрати 38 луѓе, од кои 22 беа „фоките”.

Талибанците ги чекале

– Убиени се, елиминирани, пратени во смрт. Не знам како тоа поинаку да го објаснам. А најмногу ме интересира дали се намерно убиени или некој идиот во Министерството за одбрана погрешил, како што тоа го направи и нашиот потпретседател – рече Мајк Севиџ, татко на еден од жртвите.

Тој воедно е и најзагрижен „прогонувач на вистината” (како што самиот се нарекува) од сите семејства кои ги загубија нивните синови, татковци, браќа во Авганистан.

– Како и да било, некој мора да оди во затвор поради тоа – смета Севиџ.

Исто се прашува и Чарли Стрејџ, чиј син исто така го загубил животот во трагедија во текот на акцијата „Extortion 17”. Се прашува дали некој ја наместил елитната единица која се најде на црната листа на исламистите. Дури се прашува дали тоа го направил некој од авганистанската Влада посакувајќи одмазда поради смртта на Бин Ладен.

– Некој дал информации на талибанците – рекол Стрејнџ, чиј син бил криптолог, т.е. пресретнувал и дешифрирал пораки.

– Знаеле, имале сигурна дојава. Чекале, биле подготвени, а некој ги пратил нашите момчиња токму пред нивниот нишан – рече Стрејнџ, а Даг Хамбургер, кој исто така го изгуби синот, не може да се изначуди колку всушност „е наивно бавен хеликоптер да слета на само 100 метри од талибанското упориште”.

Летале со „трактор”

– „Чинук” можеби е добра машина, но тоа не е хеликоптер, тоа е трактор. „Тимот 6” во ловот на Бин Ладен одел во специјално опремени хеликоптери „блекхок”. Со нив управувале пилоти обучени за низок и брз лет. Во принцип, станува збор за воздушно ферари, исклучително брз хеликоптер, кој тешко може да се нанишани, посебно со рачни фрлачи со кои располагаат талибаните. „Блекхок МH” се идеални хеликоптери за такви задачи, кога се водат операции на простори опколени со брда кои посебно се опасни. Овие нови модели не само што се побрзи, туку имаат и радари кои веднаш детектираат лансирана ракета. Исто така се погодни за ноќни летови. Не знам зошто таа ноќ не летале со него – се прашува Хамбургер.

Неговите сомнежи ги делат и останатите семејства кои никако не се согласиле со официјалната истрага спроведена по трагедијата на „Extortion 17”. Истрагата ја спроведувал генерал Џефри Колт кој ја заклучил така што не го нашол ниту упатил на виновникот за убиството на војниците, а се оправдувал со тоа дека тоа не му било наредба. Во меѓувреме се покренаа разни тужби, а голем број прашања останаа без одговор…

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија