„Тајмс“: Велика Британија испраќа војска на границата со Русија

Од:

Владата на Велика Британија одлучила да испрати уште 800 свои војници во Естонија, на границата со Русија, пишува лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана во Лондон.

Воените сили меѓу кои има и околопни единци, ќе бидат распоредени во овој дел од Источна Европа, во настојувањето, како што е речено, да се „одврати руската агресија кон Западот„.

Британските војници кои ќе бидат дел од единиците на НАТО во Балтикот и на граничниот реон кон Русија, ќе бидат префрлани во следните шест месеци, до мај идната година и ќе им се приклучат на сојзничките сили кои вече се наоѓаат во тој регион.

Проториевскиот „Дејли Телеграф“ открива дека авионите на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) веке се „на готовс“ откако како што се тврди, дошло до зголемување на тензиите со Русија.
Медиумите во Лондон веќе пишуваат дека Европа влегива во „нова Студена војна„ и ги повикуваат западните сојузници на единство во одговорот на „заканата од агрсивната политика“ на Москва и на претседателот Владимир Путин.

На единство, претходно, повика и британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, откако остро ја прекори Шпанија да не дозволи руските воени бродви, на пат за Сирија, да застанат во шпанската енклава Сеута, за да наполнат гориво.

Официјален Лондон кој ја предводи „тврдата линија“ кон Русија во НАТО се почесто повикува на единствен фронт, откако Британците одлучија да се повлечат од ЕУ.

Сегашната криза со Русија, која настана по анексијата на Крим и реакцијата на Запад да донесе свои сили на руската граница, медиумите во Лондон ја користат за да го прикажат НАТО како единствениот гарант на обединета Европа од надворешна (руска ) агресија.

Британија е остар противник на идејата за создавање на европски сили и воен сојуз на ЕУ, стравувајќи дека ќе остане изолирана, затоа што се повлекува од Унијата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски