Тајмс: Израелски разузнавачки агенти се присутни во Иран од 2010 година во подготовка за напади

Од:

Израелски разузнавачки агенти се присутни во Иран од 2010 година, во подготовка за напади врз иранските нуклеарни објекти и програмата за балистички ракети, следејќи и собирајќи разузнавачки информации од неколку локации, објави денес Тајмс, повикувајќи се на разузнавачки извор и протечени разузнавачки документи споделени со западните земји.

Разузнавачките информации собрани од Израел покажаа дека до крајот на 2024 година, Иран напредувал од фазата на истражување на нуклеарно оружје до точка на спроведување експерименти за изградба на експлозивна направа „во рок од неколку недели“, се вели во документите.

Според извештајот, Израел имал разузнавачки агенти кои го мапирале распоредот на нуклеарниот објект Натанз, а извидници се инфилтрирале на други локации, вклучувајќи ги Исфахан, Нур, Могде, Шаријати и Шахид Меисами.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада