„Тајм“: Филипинскиот претседател е највлијателниот човек во светот

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се наоѓа на прво место на листата на стоте највлијателни луѓе во светот според интернет читателите на списанието „Тајм“.

Официјалниот список „Тајм 100“ ќе биде објавен в четврток.

Дутерте, кој стапи на должност на 30 јуни минатата година, освои пет проценти од гласовите на читателите, а по него следуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, папата Франциско, Бил Гејтс и Марк Цукерберг со по три отсто.

Според Ернесто Абеља, портпаролот на Дутерте, Филипинците и светските лидери изразуваат воодушевување кон Дутерте бидејќи го поставил јавниот интерес на прво место.

– Со или без тоа признание, претседателот и понатаму е трудољубив владин службеник и верен слуга на филипинскиот народ, истакна Абеља.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски