Тајландските уставотворци чекаат ставови и упатства од кралската палата

Од:

Портпаролот на комисијата за подготвување на новиот Устав на Тајланд денеска соопши дека се уште не е донесена одлука за тоа дали на изборите во таа држава ќе се бираат членовите на двата парламентарни дома, односно дали членовите на Горниот дом кои ќе го составуваат Сенатот ќе бидат бирани или именувани.

Сенаторите, според сегашното мислење на уставотворците, би биле именувани само во првиот петгодишен период по укинување на воената управа и тие треба да обезбедат политички баланс и мир во државата оптоварена со судири и непријателства меѓу партиите.

Сенатот во Тајланд во петте години, период кој се смета за неопходен за потполно враќање на демократијата, ќе има контрола над државните агенции кои имаат значаен удел во распоредот на трошоците од државниот буџет.

Познавачите на ситуацијата сметаат дека авторите на новиот Устав, но и воената власт, чекаат ставови и упатства за решавање на оваа дилема од влијателната кралска куќа. Конечната одлука, се предвидува, нема да биде донесена до мај, а дури потоа ќе започнат подготовките за референдум за изјаснување за новиот Устав.

Има индикации дека во Тајланд избори ќе се одржат во јуни идната година, без оглед на тоа дали ќе успее референдумот. Според водачот на воениот удар, сега премиер, генералот Прајут Кан-ока, изборите би се одржале и според определбите од стариот Устав, а само со амандмани донесени како кралски декрет ќе се одлuчува за составот на сенатот на Тајланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач