Тајландските проститутки работат во црнина поради смртта на кралот

Од:

Десетина дена по смртта на тајландскиот крал Бумибол, проститутките во Тајланд ја обновија својата работа, иако во земјата е воведена 30-деневна забрана за „каква било забави“.

Проститутките кои порано се вратија на улиците сепак решија да му оддадат почит на кралот со тоа што ќе бидат облечени во црно, објави магазинот „Сан“, наведувајќи дека „продавачките на љубов“ носат фустани, мини здолништа и кожени чизми во цран боја.

– Се уште е многу тивко. Сите се тажни затоа што кралот почина, но ние мораме да продолжиме да работиме, за да заработиме. Нам не ни преостанува ништо друго, мораме да излеземе и најдеме клиенти. Црното го носиме од почит, изјави една од проститутките за „Сан“.

Проститутките велат дека очекуваат состојбата да врати се во нормала, за да можат да ги надоместат парите кои ги загубиле за времето по смертта на кралот, додека не работеа.

– Ние ја сакаме нашата земја и нашиот крал. Војската тоа го разбира и затоа ни дозволуваат да работиме, додава друга проститутка.

Кралот Бумибол, кој почина на 88-годишна возраст, беше монарх со најдолг стаж во светот.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога