Тајландските новинари бараат хунтата да ја намали цензурата

Од:

Тајландската Асоцијација на новинарите и Здружението на телевизиските новинари на Тајланд од денеска почнаа, преку социјалните мрежи, да бараат поддршка за намалување и укинување на цензурата што воената хунта ја воведе по државниот преврат од 22 мај годинава.

Непосреден повод е решението на хунтата да ја симне од програмата на јавниот телевиџиски сервис емисијата „Пред реформите, да се слушне гласот на народот’’. Акцијата на тајландските новинари денеска ја поддржа и тајландската асоцијација на адвокати за човекови права.

Воената управа во Тајланд со уредбата за цензура воведе строга контрола и казнени мерки за медиумите кои би пишувале текстови во кои се анализира или критикува управувањето на државата од страна на армијата. Со кампањата преку социјалните мрежи новинарите ќе се обидат да ги омекнат ставовите на хунтата. Според нив, ако во Тајланд продолжи праксата за строга цензура, забрани и казни, ќе се покаже дека воената хунта нема искрени намери да ја врати демократијата во државата.

Кампањата на Твитер ја поддржа и амбасадорот на Велика Британија во Тајланд, Марк Кент, кој напиша „Ако сакате искрени реформи, не ја затнувајте устата на народот’.

Барем за сега, како што пишува „Бангкок пост“ нема реакции на оваа порака од страна на тајландското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач