Тајландските „црвени кошули“ ќе соработуваат со хунтата

Од:

Речиси сите раководители на движењето „Црвени кошули“, познати како најсилни поддржувачи на соборената премиерка Шинаватра, во последниве два дена се изјаснија дека ќе соработуваат со воената хунта, со цел да се најде решение за враќање на мирот и демократијата во Тајланд. Планот на воената хунта, според кој за враќање на цивилна управа во земјата, што треба да заврши за 16 месеци, со оддржување на општи избори, водачите на Пеу Таи партијата го оценија како реален и прифатлив.

Првата фаза на помирувањето и обновувањето на мирот и редот во Тајланд треба да заврши во август. Како знак на добра волја „Црвените кошули ’’ го симнаа големиот портрет на Таксин Шинаватра, брат на сменетата премиерка Јинглук, кој во 2006 година, исто така со воен пуч, беше сменет и од тогаш е во доброволно прогонство во странство.

За аналитичарите на развојот на ситуацијата во Тајланд, по воениот удар од 22 мај, е повтореното официјално соопштение на камбоџанската влада, според кое оваа држава, сосед на Тајланд, нема да дозволи никакви политички активности кои би значеле мешање во внатрешните работи на Тајланд. Во Камбоџа по ударот заминаа голем број функционери на владејачкиот состав, а се најавуваше дека Јинглук Шинаватра, или некој нејзин близок соработник, имаат намера да формираат бегалска влада во Пном Пен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач