Тајландскиот воен удар може да биде опасна порака во југоисточна Азија

Од:

Тајланд долго време важеше за лидер во остварувањето на човековите права во југоисточна Азија и пошироко во регионот, но бескрајните улични нереди и преземањето на власта од страна на војската може да биде опасен вирус во регионот. Ова за индонезискиот „Џакарта пост’’ го кажува Срипафа Печармесре, претставничка на Тајланд во меѓувладината комисија на АСЕАН за човекови права, која смета дека воведувањето на воена управа во Тајланд веќе се покажува како добра причина за оправдување на недемократските внатрешни состојби во повеќето држави на регионот.

Срипафа, која сега е на чело на сеуште тивкиот, но и строго забранет отпор против потезите што ги презема воената хунта во Тајланд, очекува поголем притисок на меѓународната заедница со цел побрзо да се врати цивилната власт во нејзината дрѓава. Таа бара притисок на АСЕАН до воената хунта во меѓувреме да ги укинате престрогите казнени одредби за медиумите кои ќе се усудат да ја коментираат работата на воената хунта.

– Станува застрашувачки што нормите на воената управа станаа алатка и на режимите во регонот, за кои се сметаше дека полека тргнуваат кон демократизација, вели тајландсата активиска за човекови права.

Иако таа не наведе за кои джави се работи, овдешните медиуми констатираа дека од десетте држави на АСЕАН само Сингапур и Филипините, а делумно Малезија и Индонезија, можат да добијат позитивна оценка за состојбите со човековите права.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач