Тајландскиот министер за сообраќај поднесе оставка по железничката несреќа, владата ја одби

Од:

Тајландскиот министер за сообраќај, Лин Чиа-лунг, денеска изјави дека не бега од одговорноста за трагедијата во која загинаа 51 патник во железничка несреќа, додавајќи дека вчера ја понудил својата оставка, што владата експресно ја одбила.

Британските медиуми пренесоа дека во најтешката железничка несреќа во Тајланд во последните седум децении, во петокот животот го загубија 51 лице, кога експресен воз влета во камион во близина на градот Хулаиен, во источниот дел на земјата.

Зборувајќи од местото на несреќата, Лин Чиа-лунг, кажа дека „нема да побегне од одговорноста“.

-Јас сум на чело на тимот што треба да ја ублажи штетата предизвикана од инцидентот. Кога ќе заврши целата работа, јас ќе ја преземам одговорноста, рече тој.

Кабинетот на премиерот Су Ченг-чанг соопшти дека Лин вчера ја понудил својата усна оставка, но дека премиерот ја одбил, изјавувајќи дека фокусот сега треба да биде на закрепнувањето.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога