Тајландски генерал обвинет за организирање на илегална трговија со деца од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Тајландската јавност денеска е шокирана по објавувањето на веста дека полицијата издала налог за апсење на генерал мајорот Манас Конгпаен, поради организирање на синџир за криумчарење на припадници на мјанмарското племе Рохингја и други емигранти од јужна Азија.

Осомничениот генерал, како што соопштија полицијата и армијата, е осомничен и за организирање на трговија со деца под 15 години, кои биле продавани како робови во Малезија, но и во други држави од регионот.

Тоа ќе биде и голем политички скандал, бидејки се до денеска претставниците на воената хунта тврдеа дека се апсолутно сигурни дека ниту еден припадник на армијата не бил вкучен во илегалната трговија со луѓе, која предизвика хуманитарна катастрофа во Азија, најголема по завршувањето на Виетнамската војна.

Осомничениот генерал е откриен и поради енормно високите суми што до пред неколку дена легнувале на неговата банкарска сметка.

Се уште нема детални извештаи колкумина од над седумте илјади бегалци од Мјанмар и Бангладеш се пронајдени и донесени на копното. Малезија и Индонезија, под притисок на меѓународната јавност, на 20 мај одлучија да изградат кампови за привремен престој на бегалците.

Тајланд, на чија иницијатива почнаа акциите за спасување на бегалците, во потрагите учествува со бродови и авиони, а им помагаат и авиони на Военото воздухопловство од САД, стационирани во Малезија.

Мјанмар и натаму одбива да учествува во операциите за спасување и тврди дека таа држава не е виновна за актуелната бегалска криза. Во Јангун денеска е соопштено дека мјамарската Воена морнарица во Бенгалскиот Залив вчера открила брод со над 700 бегалци и го присилила екипажот да се упатат кон Бангладеш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач